Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-318/21

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 984.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 14, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-318/21

(...) „Имено, согласно чл. 37 од ЗРО, ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобила со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула), а конкурентската клаузула не смее да ја исклучи можноста за вработување на работникот. Од изведените докази, правилно утврдил и прифатил првостепениот суд дека тужената била вработена кај тужителот на работно место медицинска сестра во одделот на Неонатологија и дека истата после престанокот на работниот однос кај тужителот, се вработила во Специјална болница за општа хирургија и ортопедија Д. А. 2 Т. О. Х. во Одделот за хирургија и правилно заклучил првостепениот суд дека тужената не вршела работи кај новиот работодавач кои значат конкуренција на тужителот. Ова од причини што тужената не вршела исти работи како и работите кои ги вршела кај тужителот, односно во конкретниот случај не е докажано дека тужената во своето работење кај тужителот се здобила со технички - производни или деловни знаења и деловни врски и дека таквите знаења и врски ги искористила и употребила кај новиот работодавач како конкурентско дејствување во смисла на чл. 37 од ЗРО и правилно постапил кога со побиваната пресуда го одбил тужбеното барање на тужителот како неосновано, а со тоа правилно го применил и материјалното право. Правилно заклучил првостепениот суд дека во конкретниот случај не е докажано дека тужената вршела некаква дејност кај новиот работодавач која дејност би можела да значи конкуренција за тужителот, туку во конкретниот случај тужената само се вработила кај новиот работодавач и тоа на работно место во Одделот за хирургија, а кај тужителот претходно работела во Оддел за неонатологија, па во никој случај не може да се прифати дека со ваквото вработување тужената вршела дејност која би претставувала некаква конкуренција за тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-294/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право