- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 856.83 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 10, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-371/21
(...) „Согласно чл. 14 ст. 1 т. 1 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, основица за пресметка и уплата на придонеси е плата, дополнителни примања од работен однос утврдени со законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договор за вработување.
Согласно чл. 7 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, средствата потребни за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување ги обезбедува осигуреникот и работодавачот преку плаќање на придонесот на ПИО согласно закон.
Бидејќи додатокот за прекувремена работа претставува дополнително примање, а со кој со правосилна пресуда тужениот беше задолжен да му го исплати на тужителот, истиот претставува основица за пресметка на придонесот за ПИО што тужениот бил должен да му го исплати на тужителот по интегрална методологија на УЈП согласно чл. 23 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Од погоре наведените законски одредби, произлегува обврската на тужениот е да ги исплати побаруваните придонеси од задолжително социјално осигурување во име и за сметка на тужителот во соодветните фондови и институции, а право е на тужителот ова побарување да го поднесе дали со додатоците за плата или со нова тужба, како што е во случајот.
Неосновани се и жалбените наводи дека побарувањето било застарено, од причини што пет годишниот рок на застареност почнува да тече од денот на донесувањето на пресудата - 08.05.2017 година, а со оглед дека тужбата е поднесена на 12.05.2020 година, произлегува дека побарувањето на тужителот не е застарено.”