- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 874.27 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 28, 2022
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-616/21
(...) „Неспорно е дека со чл. 113 од ЗРО укинати се трошоците за превоз и дадена е можност на работодавецот да организира превоз или да му плати на работникот трошоци за превоз, меѓутоа, согласно член 21 став 1 алинеја 2 од ОКД за вработените во јавниот сектор, работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа утврдени со закон и тоа на трошоци за превоз до и од работа, во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци.
Бидејќи во конкретниот случај, тужителот не по своја желба и по свое барање, туку со наредби од тужениот бил упатен да врши работи и задачи во друга организациона единица, надвор од местото на живеење, а неспорно е дека од страна на тужениот за утужениот период ниту му бил обезбеден превоз, ниту му бил исплатен надоместок на име патни трошоци, правилно првостепениот суд согласно погоре цитираната одредба му го уважил тужбеното барање на тужителот. Ова дотолку повеќе што во случајот превозот не е организиран од работодавачот, а бил распореден заради потребите на тужениот на работно место надвор од местото на живеење, така што на тужителот му следува надомест на трошоци за превоз.
Неспорно е дека со чл. 93 од Законот за административни службеници како лекс специјалис закон не се предвидени трошоци за превоз од дома до работа и обратно. Законот за работни односи предвидува можност за исплата, но не и облигаторна обврска, но во насока на ваквото одлучување е правното мислење на Врховниот суд на РСМ заземено на Седницата на 02.12.2019 година, согласно кое, вработен во јавен сектор распореден со решение на работодавачот надвор од местото на живеење има право на надомест на трошоци за превоз до и од работното место во случај кога нема организирано превоз, а во висина од најниските реални трошоци.”