- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 868.58 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 11, 2022
- Последна промена јули 12, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-157/22
(...) „Во чл. 19 од Колективен договор, на тужениот предвидени се обврските кои тужениот ги има кон работникот меѓу кои и исплата на трошоци поврзани со работата и други додатоци согласно актите на тужениот. Во член 43 од истиот КД, е предвидено правото на исплата на надомест на трошоци поврзани со работата, односно во точка 7 е предвиден новогодишен надоместок во висина најмалку од 60% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката исплатена во последните 3 месеци, а во точка 8 од истиот член предвиден е и регрес на годишен одмор во висина од 60% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена до денот на исплатата.
Согласно горецитираните одредби од КД на тужениот, произлегува и обврската на тужениот спрема тужителот за исплата на ваквите трошоци, а која висина беше утврдена од страна на вештото лице. Ова дотолку повеќе што согласно член 12 став 3 од ЗРО, со колективен договор може да се одредат правата кои за работниците се поповолни отколку што ги определува ЗРО, а правата од работен однос утврдени со устав, закон и колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот. Со самото тоа што тужителот не поднел барање и тужениот не донел одлука за исплата на побаруваните трошоци не значи дека тужителот го изгубил ваквото право, дотолку повеќе што ваква обврска е преземена со колективен договор од една страна, а од друга страна со тоа што не е донесена одлука за исплата на овие трошоци се ограничуваат правата на работниците предвидени со колективните договори. Правилно заклучил првостепениот суд дека поднесување на барање, докази и одлука се однесува за исплата на други надоместоци, а не за и предметните. Работниот однос е договорен однос помеѓу работникот и работодавецот, а во случајот и со договорот за вработување тужениот презел обврска на тужителот да му исплаќа плата и трошоци поврзани со работата, а кои трошоци се уредени со чл. 43 од Колективниот договор на тужениот. Доколку тужениот смета дека вакви трошоци не му следуваат на работникот согласно предвидена постапка требало да направат измена.”