Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-162/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 738.14 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 11, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-162/22

(...) „Со Колективен договор за изменување на КД за здравствена дејност Сл. весник на РМ број 60/2010 во занимања од четврта група на сложеност спаѓаат ВКВ работници (возач, котлар, автомеханичар на парен котел, водоинсталатер, електричар итн.) со коефициент на сложеност 1.573 бода. Со измените и дополнувањата на КД за здравствена дејност Сл. весник 32/19 и Сл. весник 31/19 за работното место ВКВ работник возач, котлар, електричар итн. утврден е коефициент на сложеност 1.652 бода, а на тужителот исплаќан му е коефициент од 1.753. Ваков коефициент на сложеност исплаќан му е заклучно со јануари 2020 година. Со измените и дополнувањата на КД за здравствена дејност Сл. весник 1/20 работното место на кое работел тужителот спаѓа во занимања од четврта група на сложеност со коефициент 1.735. Од септември 2019 година до мај 2020 година побарува коефициент на сложеност 1.841, а од јуни 2020 година побарува коефициент на сложеност 1.933. Во 2019 година и од јануари 2020 година исплаќан му бил коефициент 1.753, а од февруари 2020 година до април 2021 година исплаќан му е коефициент на сложеност 1.825. Од наодот на вештото лице на тужениот како и од приложените докази произлегува дека на тужителот му е исплаќан повисок коефициент на сложеност од оној што е предвиден со КД за здравствена дејност за работното место ВКВ работник на парен котел за IV група на сложеност.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-148-22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право