Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-13/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 934.37 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 17, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-13/21

(...) „Во Правилникот за заштита од пушење во чл. 7 е предвидено за пушење на недозволено место на вработениот ќе му се изрече парична казна во износ од 5.000,00 денари.

Согласно чл. 49 и чл. 50 од КД кај тужениот, работодавачот може да го откаже договорот за вработување со отказ заради кршење на работната дисциплина, ако се утврди постоење на оправдана причина поврзана со неговото однесување, а помеѓу останатото, како кршење на работниот ред и дисциплина се смета ако работникот не ги почитува работниот ред и дисциплина и не се придржува на распоредот и користењето на работното време.

Согласно чл. 58 ст. 2 од КД кај тужениот, предвидено е дека во Одлуката за откажување на договорот за вработување со отказ, генералниот директор е обврзан да ги утврди легалните причини за престанокот на работниот однос кај работникот, со опис на повредата, дејствијата, времето и местото кога и каде биле сторени.

Правилно утврди првостепениот суд дека во одлуката на тужениот согласно Правилата за работниот ред и дисциплина содржани во Водичот за вработените на кој се повикува тужениот, нема опис на повредата, дејствијата, времето и местото кога и каде биле сторени повредите. Тужениот не докажа дека тужителот не го почитувал Кодексот на деловно однесување, бидејќи не пушел во работните простории. Исто така лицето Л. Б. немала овластување за потпишување на одлуката за отказ на 30.08.2019 година денот кога е донесена, бидејќи и според изјавата на директорот одлуката за делегирање на овластување е донесена на 01.10.2019 година, а за потпис на одлука за отказ требало има претходно, а не дополнително добиено одобрение од страна на генералниот директор.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-532/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право