- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 869.02 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 9, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-613/21
(...) „Од доставеното решение на тужениот бр.0402-13/04 од 05.04.2021 година, произлегува дека тужениот самиот ја утврдил обврската на тужителката да и исплати отпремнина согласно чл. 97 од ЗРО, бидејќи во самото решение стои дека на тужителката работодавачот согласно наведениот член ќе и исплати отпремнина во износ од 89.925,50 денари. Согласно ст. 4 од наведениот член испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос. Од наведеното јасно произлегува дека тужениот бил должен наведениот износ да го исплати со денот на престанокот на работниот однос, а тоа е 04.04.2021 година. Имено, од решението не произлегува дека било договорено исплата на рати. Всушност, тужениот не достави доказ за постоење договор за исплата на испратнина на рати, а тоа што исплатил две рати по поднесување на тужбата не е доказ дека постоел таков договор меѓу странките. Крајно, тужителката за платениот износ го намалила тужбеното барање заради што наместо вкупен износ од 89.925,50 денари го побарува прецизираното барање во износ од 59.949,50 денари.
Неоснован е и жалбениот навод на тужениот дека истиот не дал повод за поведување на спор, од причина што тужениот самиот го донел предметното решение и самиот си определил обврска да и исплати на тужителката отпремнина со денот на престанокот на работниот однос. Тоа не го сторил ниту 3 месеци по определениот рок заради што овој суд смета дека тужениот дал повод за поведување на предметниот спор. Имено, на тужителакта работниот однос и престанал сметано од 04.04.2021 година кога тужениот бил должен да ја исплати отпремнината, а со оглед на тоа дека тужениот тоа не го сторил тужителката ја поднела тужбата на 29.06.2021 година, а првата рата тужениот ја исплатил на 15.07.2021 година што значи по поднесување на тужбата. Од наведеното јасно произлегува дека тужениот дал повод за поднесување на тужба.
Жалбениот навод дека тужителката не доставила вешт наод и мислење исто така е неоснован. Имено, во конкретниот случај немало потреба од изготвување на вешт наод и мислење, бидејќи како е погоре наведено тужениот со решението од 05.04.2021 година, ја определил висината на отпремнината и презел обврска истата да ја исплати согласно чл. 97 ст. 4 од ЗРО со денот на престанокот на работниот однос.
Иако со решението тужениот презел обврска на тужителката да и исплати отпремнина и првостепениот суд го усвоил тужбеното барање за отпремнина во суштина станува збор за испратнина по чл. 97 од Законот на работните односи која се исплаќа кога на работникот ќе му престане работниот однос од деловни причини и се исплаќа на денот на престанокот на работниот однос.”