- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 897.64 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 11, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-77/22
(...) „Во чл. 71 од Законот за административните службеници е предвидено дека административниот службеник одговара дисциплински за дисциплинска неуредност и дисциплински престап. Во чл. 72 од истиот закон е предвидено дека дисциплинската неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина, работните задачи, угледот на институцијата или административниот службеник, а како полесна повреда на работната дисциплина е предвидено неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи со полесни последици од повредата. Согласно чл. 74 од Законот за административните службеници со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му се изрече една од следните дисциплински мерки и тоа: писмена опомена и парична казна во висина од 20% во висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност во траење од еден до три месеци. Во смисла на погоре наведеното на тужителката за сторена дисциплинска неуредност, односно заради неизвршување, несовесно или небрежно вршење на работните задачи со полесни последици од повредата изречена и е дисциплинска мерка писмена опомена. Причина за донесување на ваквата одлука бил фактот што тужителката не поседувала соодветно образование, ниту неопходни компетенции за извршување на благајничките работи заради што бил склучен договор за ангажирање на надворешно лице за реализација на благајничките задолженија.
На тужителката познат и бил фактот дека не треба да ја изготвува платата за месец август 2020 година, меѓутоа и покрај тоа истата ја изготвила платата и ја однела на потпис кај директорот и истиот ја потпишал. Со тоа што тужителката ја изготвила платата за месец август 2020 година не сторила повреди на работните обврски од чл. 72 ст. 1 т. 5 од Законот за административните службеници, односно неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работните задачи со полесни последици од повредата, а заради кои е изречена писмена опомена. Исто така, од договорот за вршење на благајнички услуги за потребите на тужениот никаде не е предвидено дека тужителката треба да асистира на лицето Е. О. при вршење на благајничките работи, а со цел понатаму самостојно да ги извршува работите и работните задачи од ова работно место.
Првостепениот суд го одбил тужбеното барање на тужителката со наводи дека писмената опомена на тужителката и била изречена заради непочитување на хиерархијата и договорот склучен за вршење на благајнички работи со надворешно лице, меѓутоа за таква повреда не и е изречена дисциплинската мерка, ниту пак ја сторила повредата за која и е изречена дисциплинска мерка.”