Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-454/14

  • Version
  • Преземи 10
  • Големина на фајлот 142.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 25, 2015
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-454/14

Во случаите на откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот мора да утврди дали во зададениот поправен рок работникот го подобрил своето работење, во спротивно работодавачот не ја докажал основаноста на откажувањето на договорот од лични причини, односно таквата одлука е незаконита.

„Во конкретниот случај, предмет на спор е одлука за откажување на договор за вработување од лични причини на страна на работникот и согласно со законските одредби од чл. 72 и чл. 80 од ЗРО, во одлуката за откажување на договорот за вработување тужениот како работодавач бил должен да наведе кои се тие причини.

Видно од содржината на одлуката за откажување на договорот за вработување произлегува дека во истата нема наведено кои се тие причини, односно во истата е наведено само дека тужителот подолг временски период не ги извршувал правилно, совесно и навремено работните обврски на неговото работно место и по истекувањето на рокот од 30 дена наведен во писменото предупредување неговите претпоставени лица изјавиле дека истиот иако му биле обезбедени потребните услови за работа, со дадени соодветни упатства и насоки за работа, заварувачките работи ги обавувал неквалитетно и не можел да постигне квалитет во работењето без да има наведено точни датуми кога тужителот работел на заварување, кога неправилно и неквалитетно заварувал и кога по поминувањето на рокот за поправање согласно со писменото предупредување тужителот не се поправил во извршувањето на работните задачи, а ова дотолку повеќе што писменото предупредување тужителот го добил на 16.7.2013 г., а на 20.7.2013 г. добил решение за користење на годишен одмор до 13.8.2013 г. кој факт не го оспорил тужениот во текот на постапката.

(...) правилно првостепениот суд постапил кога нашол дека тужениот не утврдил дали тужителот во поправниот рок од 30 дена не го подобрил своето работење, односно дека тужениот не ја докажал основаноста за откажување на договорот за вработување од лични причини.”

Претходно Пресуда на Основен суд Скопје РО-584/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право