- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 699.52 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2018
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-292/18
„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителката додека била во работен однос кај тужениот примала редовно плата и за истата биле уплаќани придонесите во соодветните државни институции сè до спорниот период кога тужениот престанал да ја исполнува обврската како работодавач спрема тужителката како вработенa, поради што произлегува дека тужениот сè уште е во обврска за спорниот период да ѝ исплати плата и надоместоци на плата на тужителката.
Во конкретниот случај, Одлуката за престанок на работниот однос на работници од деловни причини донесена од тужениот (...) од 15.5.2017 година и сите претходни одлуки во врска со постапката за прогласување на тужителката за технолошки вишок биле поништени со Одлука (...) од 29.6.2017 година, во која е наведено дека работниците В. Ш., сега тужителката и лицето В. Ш., двајцата од К. треба да се јават на работа по завршување на годишниот одмор за 2017 година, произлегува дека истата била на работа сè до донесување на решението за откажување на договорот за вработување без отказен рок по чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО (...) од 10.7.2017 година.
Според тоа, како тужителката била во работен однос кај тужениот заклучно до 10.7.2017 година, истата како вработена кај тужениот ги уживала правата кои ѝ следат од ЗРО, што значи дека за спорниот период има право да ѝ се исплатат неисплатената плата и придонеси од плата, како и регрес за годишен одмор за 2016 и 2017 година, а согласно со чл. 112, ст. 1 и ст. 2 од ЗРО според кој, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Работодавачот е должен да исплати надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот.
Оттука произлегува дека тужителката во периодот на настанувањето на статусните промени кај тужениот ги почитувала одлуките на тужениот и нема ниту една причина за вина на нејзина страна, зашто во периодот од ноември 2016 година до јули 2017 година тужителката одела на работа и ги извршувала работните обврски, односно користела годишен одмор во исчекување работодавачот да ѝ каже како ќе се организира работниот процес кај тужениот.”