- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 485.69 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 16, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-634/14
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не постапил во целост согласно со законските одредби во спроведување на постапката за технолошки вишок, по однос на изречениот отказ од деловни причини на вработените во подружницата хотел Б., при што неспорно било дека оваа подружница имала финансиски потешкотии и негативно работење во подолг континуиран период, неспорно било дека истата е бришана од Централниот регистар на РМ. Видно од доказите, откажувањето на договорот за вработување било извршено на 10 работници од вкупно 310 вработени кај тужениот што претставува 3% од вкупно вработените, при што не станува збор за колективно отпуштање на поголем број работници во смисла на чл. 95, ст. 1 од ЗРО, а в.в. со чл. 19, 20 и 21 од КД за угостителство. Во конкретниот случај, тужениот извршил бодирање и рангирање на вработените само во подружницата во хотел Б. при што одлучил на 10 работници кои имале најмал број бодови да им престане работниот однос од деловни причини, додека не извршил бодирање на сите вработени кај тужениот со што ги ставил во повластена положба другите вработени во останатите подружници, а ова дотолку повеќе што тужениот бил должен да изврши бодирање на сите вработени на работното место собарки во сите подружници, имајќи предвид дека се работи за намалување на бројот на извршители на работното место собарка и на тој начин да утврди приоритет за задржување на работното место.
Според тоа, правилно првостепениот суд одлучил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот (...) согласно со чл. 71, ст. 2, чл. 76, ст. 1, т. 3, чл. 95 и чл. 97 од ЗРО.”