Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-363/16

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 417.91 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 14, 2016
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-363/16

„(...) правилно првостепениот суд постапил кога при одлучувањето за тужбеното барање на тужителката се повикал на одредбите од Законот за работни односи, бидејќи видно од содржината на договорот за вработување произлегува дека се работи за договор за вработување врз основа на кој се заснова работен однос и врз основа на кој произлегуваат права и обврски согласно со Законот за работни односи, а не станува збор за менаџерски договор и откажување на истиот согласно Законот за трговски друштва. Оттука, бидејќи во конкретниот случај се работи за работен однос за откажување на договорот за вработување од деловни причини законитоста се оценува врз основа на Законот за работни односи.

(...) правилно првостепениот суд прифатил дека тужениот во целост ги испочитувал законските одредби од Законот за работни односи кои го регулираат правното прашање за постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини.

Имено, тужениот согласно со финансиската состојба во која се наоѓал и за излез од истата, изготвил програма во која ги навел причините за потребната реорганизација, односно со укинување, бришење на работни места. Видно од програмата, бришани се работните места советник, меѓу кои и работното место на тужителката советник на Управен одбор надлежен за организациони прашања. Со одлука е извршена измена на актот за внатрешна организација и систематизација, во законски рок уредно е известена синдикалната организација на банката, како и Агенцијата за вработување. Со одлука од 06.07.2015 година од деловни причини им е престанат работниот однос на 3 советници меѓу кои на тужителката, донесена е и поединечна одлука за отказ на тужителката и понуден и е нов договор за вработување од 09.07.2015 година кој е потпишан и прифатен од нејзината страна за работно место заменик директор на Филијала.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-306/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право