Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-158/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 459.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 14, 2017
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-158/17

„Имено, во конкретниот случај се работи за надомест на штета која произлегува од работен однос, односно се работи за надомест на штета која работникот ја сторил на работодавачот на работа или во врска со работата поради крајно невнимание и несовесност, па тужениот требал да преземе одредено штетно дејствије со што би настанала штета за тужителот.

Согласно со чл. 156, ст. 1 од ЗРО, работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност му предизвика штета на работодавачот е должен да ја надомести.

Од содржината на горецитирана законска одредба, произлегува дека надомест на штета од незаконито работење на работникот-тужените може да се бара доколку истите не постапиле согласно со описот и пописот на работните задачи од работното место за кое имаат склучено договор за вработување на кој начин му предизвикале штета на тужителот-работодавачот, односно треба од страна на работникот да постои вина за настаната штета за да постои одговорност и обврска за надомест на штета на работодавачот. (...)

Од изведените докази се утврдува дека тужениот постапувал согласно чл. 11 од правилата за постапка и поставеноста на системот на продажба на осигурување на друштвото и истиот не превземал некое дејствије со кое би му предизвикал намерно или од тешка небрежност штета на тужениот од своето работно место. Доколку повеќе што и во самиот правилник е наведено дека тужителот од првотужениот кој работел како менаџер во експозитура во Б. требало најпрво да побара изјава од првотужениот за тоа кои премии се наплатени, меѓутоа ваква постапка не спровел, а од друга страна предвидел и тоа дека доколку постојат ненаплатени премии, односно неуплатени средства се наплатува од провизија, плата или друг вид примања на првотужениот што значи тужителот не ја почитувал постапката предвидена во правилникот и самиот се изложил на непотребни трошоци.

Во однос на тужбеното барање на тужителот према второтужениот правилно првостепниот суд прифати дека истиот не може да биде должен да ги надомести трошоците за водени судски постапки по однос на спорните премии и полиси кои се издадени во 2013 година, од причина што второтужениот не бил во работен однос кај тужителот, а кое нешто е видно од М1/М2 образецот, односно на истиот на ден 31.12.2011 година му престанал работниот однос, што значи полисите се издадени по престанокот на работниот однос на второтужениот.

(...) по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот на постапката утврдил дека во конкретниот случај не се исполнети условите од чл. 156 од ЗРО за надомест на штета која на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност работникот ја предизвикал на тужителот, од причина што тужителот не докажал дека тужените при извршувањето на работните обврски не постапиле согласно со склучениот договор за работа и согласно правилникот за постапката и поставеност на системот на продажба на осигурување и дека истите имаат вина- одговорност за штетата за која се теретат, а дотолку повеќе што истиот за штета не донел ни одлука за утврдување на штетата и нејзината висина.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-516/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право