Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.134/2016

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 243.16 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 21, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.134/2016

„(...) Имено, доколку се има во предвидe неспорно утврдениот факт дека тужителката е во работен однос кај тужениот без прекин повеќе од пет години, на работно место наставник по македонски јазик, со сигурност може да се утврди дека во конкретната правна работа се исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителката од определено во работен однос на неопределено време, а согласно член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи.

Исто така по наоѓање на овој суд правилен е заклучокот на првостепениот суд дека со оглед на тоа што во случајот се исполнети условите за примена на член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи, не е потребно гарантирање на траен карактер на работното место, а притоа факт е и дека за истото училиште со ист број на паралелки и ученици, тужениот трансформирал работен однос на други четворица наставници, а за 2014 година распишал и оглас за наставник по македонски јазик за тројца извршители со по осум наставни часа.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.131/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право