- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 379.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 9, 2018
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.138/2017
„Според Врховниот суд на Република Македонија, правилно првостепениот суд го применил материјалното право од член 13 став 1, член 46 и член 82 од Законот за работни односи, кога го усвоил тужбеното барање на тужителката утврдувајќи дека работниот однос на тужителката кај првотужениот се трансформирал од работен однос на определено работно време во работен однос на неопределено време и ги задолжил тужените да признаат една ваква правна положба на тужителката, а првотужениот да склучи договор за вработување на неопределено време. И според овој суд, во случајот се исполнети законските услови за трансформација на работниот однос на тужителката од работен однос на определено во работен однос на неопределено работно време, со оглед да неспорно е утврдено дека конкретно била дадена согласност и биле обезбедени средства да се изврши трансформација на работниот однос на тужителката, како и дека тужителката кај првотужениот работела повеќе од 2 години, па оттука правилен е заклучокот на првостепениот суд дека првотужениот на незаконит начин ја избегнал својата обврска да го трансформира работниот однос на тужителката, иако постоеле законски услови истото да го направи. Во насока на ова известувањето по претставка на Д. испекторат од кое е утврдено дека од страна на градоначалникот на Општина К. и Министерството, првотужениот е известен дека се обезбедени финансиски средства за учебната 2014/2015 година, меѓу кои и за два наставника по англиски јазик, а од одговорот на барање на градоначалникот од 19.02.2015 година, неспорно произлегува дека обезбедените средства и согласноста се однесуваат за трансформација на работниот однос. Воедно, правилно е утврдено и дека донесеното решение за престанок на работен однос при второтужениот е незаконито, бидејќи не може да престане работен однос кој воопшто не е заснован, ако се има во вид да тужителката никогаш не работела кај второтужениот да и се трансформира работниот однос кај него, не потпишала договор за вработување со второтужениот и не ја потпишала спогодбата за нејзино превземање од второтужениот, а тоа што тужителката и по 30.11.2014 година работела кај првотужениот одржувајќи настава во К. и во с. Ж., значи дека истата постапувала по договорот за работа, склучен со првотужениот, а не како вработена кај второтужениот.”