Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.167/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 841.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 18, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.167/2019

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека (...) пониските судови правилно го примениле материјалното право, притоа раководејќи се од законските одредби од член 62 и член 64 од Законот за работни односи кога утврдиле дека престанокот на работниот однос на тужителката е правилен и законит. Во конкретниот случај, со договорот за вработување на определено време тужителката кај тужениот засновала работен однос на определно време, согласно добиена согласност од Министерството за ..., до враќање на лицето од боледување на работно место негователка. Тужителката на наведеното работно место работела се додека не истекло време за кое бил заснован работниот однос, односно изминал рокот за кој бил склучен договорот за вработување на определено време.

Во овој контекст, Врховниот суд на Република Северна Македонија, ги оцени како неосновани ревизиските наводи со кои се укажува дека решението за отказ е незаконито, односно причината поради која е донесено не е утврдена со закон. Ваквите наводи биле и жалбени наводи, на кои второстепениот суд во целост одговорил, наоѓајќи дека отказот на договорот за вработување на тужителката е основан и законит, со што се согласува и овој суд.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1657/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право