Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.24/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 255.92 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 4, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.24/2018

„(...) пониските судови ценејќи ги одредбите од член 72, 82 став 2, член 86 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05), како и член 134 став 1 точка 7, 8, 11 и 14 од Колективниот договор на МВР („Службен весник на РМ“ бр. 18/06), правилно го примениле материјалното право, утврдувајќи дека решението за отказ на договор за вработување бр.16.4.1-35657/1 од 29.05.2007 година и второстепеното решение бр.45-346/2 од 22.08.2007 година се незаконити и истите ги поништил од причина што тужениот не ја докажал основаноста на причината поради на која тужителот му бил откажан договорот за вработување без отказен рок.

Според овој суд правилен е заклучокот на пониските судови дека во решението за отказ, тужениот единствено го навел основот за откажување на договорот за вработување без притоа да ги наведе и докаже дејствијата преземени од тужителот, а кои биле во насока на тоа кога и на кој начин истиот побарал и примил парични средства, односно со кои дејствија тужителот ја прекршил работната дисциплина и не го чувал својот и угледот на тужениот, па оттука истиот не е достоен за извршување на работните задачи. Ова ако се има во предвид и фактот дека не е утврдено кои се патниците што ја поминувале границата од кои истиот примил награда, односно имотна корист при извршување на службените задачи.

Дотолку повеќе што освен доказите за поднесената кривична пријава против тужителот за постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Примање поткуп од член 357 став 2 од КЗ, тужениот не доставил и не предложил други докази, а при состојба на работите кога по наредба на истражен судија Кри.бр.146/2007-5 од 23.02.2007 година, при личен претрес и при претрес на возило кај тужителот не се пронајдени предмети кои се од интерес за постапката. Имено, на ден 23.02.2007 година во тоалетот во ПС, биле пронајдени една банкнота од 10 евра и една банкнота од 5 евра, но според Врховниот суд на Република Македонија правилно судовите застанале на стојалиште дека не може да се утврди дека банкнотите биле сокриени од страна тужителот бидејќи истите се пронајдени на 23.02.2007 година, а договорот за вработување на тужителот му е откажан во периодот од 31.01.2007 година заклучно со 08.02.2007 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-317/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право