Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.56/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 281.18 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 7, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.56/2015

„(...) второстепениот суд ја одбил како неоснована жалбата на тужениот и ја потврдил првостепената пресуда. Имено, второстепениот суд нашол дека првостепениот суд правилно заклучил кога применувајќи ги одредбите од член 82 став 1 точка 1, член 181 став 4 и член 102 став 1 од Законот за работни односи, го усвоил тужбеното барање на тужителот, наоѓајќи дека тужителот не изостанал неоправдано од работа 4 последователни работни дена. Всушност, правилно било утврдено дека тужителот одел на работа сите наведени денови во 07.00 часот, кога започнувале со работа кај тужениот, а на ден 19.03.2012 година кога тужителот отишол на работа, бил упатен да се јави кај управителот, по што му била побарана службената сим картичка од телефонот и електронската картичка за евиденција и откако истите ги предал на тужениот, му било кажано дека е слободен и да ја напушти фабриката. Исто така, на ден 20.03.2012 година кога повторно дошол на работа бил спречен да влезе од лицето О. М. и Љ. С.

Поради погоре наведеното, правилен е заклучокот дека донесените решенија од страна на тужениот биле незаконити и истите биле поништени, од причина што било утврдено дека во спорниот период од 16.03.2012 година заклучно со 20.03.2012 година, тужителот редовно се јавувал на работа, меѓутоа истиот бил попречуван во обавување на своите работни задачи од страна на тужениот.

Од вака утврденото второстепениот суд правилно постапил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот и заклучил дека тужителот не ги сторил повредите што му се ставале на товар, па правилно биле поништени како незаконити одлуките донесени од тужениот.

Основан е ревизискиот навод за погрешна примена на материјалното право по однос на задолжувањето на пониските судови, тужениот да го врати тужителот на работно место одговорен на кројачница. По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, погрешно е задолжението тужениот да го врати тужителот на работа и да го распореди на работно место одговорен на кројница, на кое работел кај тужениот пред откажувањето на договорот за вработување и да му ги обезбеди другите прави од работен однос, од причина што во конкретниот случај не се работи за прераспоредување, туку за откажување на договор за вработување. Согласно одредбата од членот 102 од Законот за работни односи, ако судот донесе одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа по правосилноста на одлуката, ако тоа го бара. Од оваа законска одредба не произлегува императив работникот да се врати на претходното работно место, туку на работно место што одговара на степенот на неговата стручна подготовка.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.57/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право