Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.103/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 213.94 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 13, 2015
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.103/2015

„(...) По однос на прашањето дали патувањето во Г. на море би било корисно за здравјето на тужителот co воспоставената дијагноза е утврдено дека вакво патување може да се користи, но истото не требало и не смеело да биде реализирано за време на одобрено боледување. (...)

По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно судовите заклучиле дека тужителот не сторил злоупотреба на боледувањето, со тоа што во времетраењето на одобреното боледување истиот заминал на однапред закажано медицинско испитување на 20.06.2008 година во В., бидејќи таму бил со цел да направи медицинско испитување. Во поглед на патувањето во Г. од 27 до 29.06.2008 година, правилно судовите прифатиле дека тоа патување било поврзано со болеста за кое било издадено боледувањето, односно за подобрување на здравствената состојба, со оглед дека неговата дијагноза наведена во боледувањето не била врзана co задолжително лекување дома, односно дека здравствената состојба на тужителот не претставувала пречка истиот да може да патува, како и тоа дека патувањето на море за пациент на кого му е дијагностициран акутен бронхитис каков што имал тужителот немало битно влијание за влошување или подобрување на здравствената состојба и престојот на море било подобро за пациенти co констатираната клиничка слика.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1466/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право