- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 272.05 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 11, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.192/2016
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија правилно судовите го примениле материјалното право кога утврдиле дека одлуката со која му е откажан договорот за вработување на тужителот е правилна и на закон донесена. Имено, оспорената одлука е донесена согласно член 82 став 1 точка 5 и став 2 од Законот за работните односи, а од утврденото произлегува дека тужителот при извршување на работните задачи извршил кражба и предизвикал штета на тужениот.
Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека тужителот ги извршувал работните задачи во рамките на задолженијата и дека тужителот не придонел за донесување на одлука за престанок на работниот однос, но најде дека се неосновани. Ова од причина што, оспорената одлука е донесена поради кршење на работниот ред и дисциплина, согласно член 82 став 1 точка 5 и став 2 од Законот за работните односи, односно од причина што тужителот сторил кражба и штета на тужениот поради одземениот бакар во тежина од 2 килограми, а од утврденото произлегува дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар.”