- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 884.40 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 10, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.122/2019
„По наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, повикувајќи се на одредбите од член 71 став 2 и 3, член 72, член 81 став 1 и 2 од Законот за работни односи, член 134 од Колективниот договор во врска со член 54 од Колективниот договор за измени и дополнување на КД на М., член 3, 5 став 1 алинеја 3 и 7 од Законот за полиција, член 1 став 1 алинеја 5 и член 114 став 1 од Законот за внатрешни работи, член 2 став 1 алинеја 1 и 3 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во М. Ова, ако се има предвид утврденото од страна на пониските судови дека тужителот постапувал спротивно на цитираните правила и прописи на Министерството, односно истиот во спорниот период, барал и примил парични средства – поткуп, од лицата кои ја преминувале државната граница на ГП Табановце, за да во рамките на своите службени овластувања изврши, односно не изврши службени дејствија што морал да ги изврши, односно постапил спротивно на делокругот на надлежностите и задачите што ги имал како полициски службеник, на штета на својот углед, угледот на Полицијата и Министерството, при што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, предвидено во член 134 став 1 точка 7, 8 и 14 од КД на М., в.в. член 54 од КД за измени и дополнување на КД на М. (Сл. весник на РМ бр.16 од 08.02.2006 година) в.в. член 82 став 2 од ЗРО. Овој суд се согласува со заклучокот на пониските судови, дека во смисла на член 72 од Законот за работни односи, тужениот како работодавач во отказното решение ги утврдил дејствијата со кои тужителот сторил потешка повреда на работниот ред и дисциплина, чие сторување се докажува со изведените докази од страна на првостепениот суд, а особено од цитираната кривична пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје. Како што констатирал второстепениот суд, во смисла на член 11 став 3 од Законот за парнична постапка, парничниот суд во однос на постоењето на кривичното дело и кривичната одговорност на сторителот е врзан за правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот е огласен за виновен. Во конкретниот случај, со оглед што за истите дејствија кои ги превзел тужителот, а кои се наведени во отказното решение, тој е огласен за виновен, правилен е заклучокот на пониските судови дека со правосилната кривична пресуда се докажуваат фактите за сторените повреди на работниот ред и дисциплина од страна на тужителот.
Овој суд при одлучување ги имаше во предвид ревизиските наводи дека на тужителот му бил откажан договорот за вработување спротивно на одредбите на Законот за работни односи, без водење на постапка за утврдување на одговорноста на истиот за наведеното потешко кршење на работната дисциплина, односно дека решението за откажување на договорот за вработување било незаконито бидејќи не се водела дисциплинска постапка и со тоа му било повредено правото на работникот да се произнесе во контрадикторна јавна постапка, меѓутоа најде дека истите се неосновани. Ова од причина што, во случајот се работи за потешка повреда и предлогот за донесување на решение за отказ се доставува директно до Министерот, па тужениот како работодавач го донел оспореното решение, без водење на постапка за утврдување на одговорност на тужителот пред соодветна комисија, а во смисла на член 143 став 7 од КД на М., согласно кој кога на работникот на Министерството, во случаите на кршење на работната дисциплина од член 134 став 1 од КД на М. по поднесена кривична пријава, му е определена мерка притвор, предлогот за донесување на решение за откажување на договорот за вработување се доставува непосредно до Министерот, заради донесување решение без водење на постапка.”