- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 497.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 10, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.92/2019
„(...) правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле тужбеното барање, од причина што правилно заклучиле дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар, а заради која му бил изречен престанок на работниот однос, односно дека неоправдано отсуствувал на работното место три последователни работни дена, па дека одлуката донесена согласно член 82 став 1 алинеја 1 од Законот за работни односи, е правилна и законита.
Со оглед што тужителот од 16.07.2018 година па до денот на донесување на решението за отказ на 30.07.2018 година, воопшто не се јавил на работното место и не го оправдал своето отсуство, Врховниот суд на Република Северна Македонија во целост се согласува со причините дадени во образложенијата на пониските судови. Во оваа насока е и утврдениот факт дека на отказот му претходело и писмено предупредување поради непочитување на работниот ред и дисциплина, но дека тужителот продолжил со своето несовесно поведение, неизвршување на своите работни задачи. Оттука, по наоѓање на овој суд побиваното решение е правилно и донесено врз основа на закон, бидејќи тужителот со неоправданото отсуство од работното место три последователни работни дена, несомнено ја сторил повредата што му се става на товар од член 82 став 1 алинеја 1 од Законот за работните односи, а заради која и му бил изречен отказот.”