Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.37/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 220.20 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 16, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.37/2015

„Врховниот суд на Република Македонија се согласува со мислењето на второстепениот суд дека постапката на тужениот при донесување на Одлуката со која му е откажан договорот за вработување на тужителот од деловни причини, била спроведена согласно одредбите од член 94-а, член 95, член 96 и член 97 од Законот за работни односи, Статутот на тужениот и Програмата за рационализација на работењето и утврдување на потребите за престанок на работен однос на работници од деловни причини, поради што, наоѓа дека оспорената одлука е правилна и законита.

Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека тужителот бил дискриминиран во текот на постапката по однос на мерилата и критериумите на бодовната листа, односно дека не биле во согласност со одредбите од член 6 и 12 став 2 од Законот за работните односи, дека не биле запознаени со колку бодови се вреднувани и немале можност да побараат заштита кај работодавецот, дека по однос на критериум - познавање на работата, тужителот бил оценет произволно, а не според одредени параметри со работата на останатите вработени на исто работно место и за ист период, а по критериумот – стручна подготовка бил земен како произволно оценет, смета дека тужителот по однос на возраста бил ставен во нееднаква, дискриминаторска положба во однос на останатите вработени, но најде дека истите не се од влијание за поинакво одлучување.

Во случајот, судот цени дали постапката во која е донесена Одлуката за откажување на Договорот за вработување, е донесена во постапка спороведена по Законот за работните односи. Во случајот е утврдено дека тужениот постапил според Законот за работните односи, донел Програма со која биле регулирани организационата поставеност и поединечната систематизација кај тужениот, била донесена Програма за рационализација на работењето и утврдување на потребата за престанок на работен однос од деловни причини. Со Програмата била известена и Синдикалната организација кај тужениот, како и дека постои потреба од престанок на работен однос на работници од деловни причини. Тужениот спровел и утврдил мерила, критериуми и методологија по кои се вршело бодирање. Законска обврска за работодавачот е во случај на намалување на работните места да спроведе бодирање на работниците според одредени мерила и критериуми, бодирањето го врши работодавачот, односно овластено лице кај работодавачот, а судот нема основ да ја оценува правилноста, односно неправилноста во бодирањето по секој критериум. Во случајот тужителот по сите критериуми добил 13 бодови, односно влегол во групата на лица на кои им престанува работниот однос, па тужениот ја донел и предметната Одлука за откажување на Договорот за вработување од деловни причини. Во поглед на наводот од ревизијата дека тужителот бил дискриминиран во текот на постапката за бодирање, истиот е неоснован, од причина што се работи за утврдени мерила и критериуми од страна на работодавачот кои се применети спрема сите вработени што биле бодирани.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.190/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право