Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-51/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 966.26 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 29, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-51/22

(...) „Во чл. 160 од Законот за здравствена заштита, е предвидено дека раководниот орган формира комисија за селекција на здравствениот работник односно здравствениот соработник. За здравствените работници со средно и више образование односно за здравствените соработници селекција на кандидатот се врши врз основа на просек на успехот што кандидатот го постигнал во средното училиште и стручен дел.

Во чл. 161 од истиот Закон е предвидено дека работоводниот орган на здравствената установа врз основа на ранг листата предложена од комисијата за селекција со најмалку тројца кандидати доколку има повеќе од тројца кандидати кои ги исполнуваат условите донесува одлука за избор. Во конкретниот случај изготвена е ранг листа и кандидатот Р.Ш. била на 10-то место од ранг листата со освоени 51.67 бода, а тужителката Ј. М. на 4-то место со освоени 77,50 бода. Во смисла на чл. 6 од Законот за вработените во јавниот сектор работоводниот орган во транспарентна, фер и конкурентна постапка за селекција го избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место. Со оглед на фактот дека избраниот кандидат Р.Ш. е на 10-то место од ранг листата тужениот не можел да ја избере за објавеното работно место, а директорот на тужениот нема дискреционо право да врши избор и да го избере кој било кандидат од ранг листата доставена од Комисијата за селекција. Доколку работоводниот орган имал дискреционо право да врши избор на кој било кандидат од ранг листата во тој случај не би требало да се спроведува постапка како што предвидува чл. 160 од Законот за здравствена заштита. Не е спорно дека работодавецот не мора да изврши избор редоследно од ранг листа, меѓутоа во одлуката за избор треба да ги образложи причините зошто е постапено на тој начин односно зошто се избрани кандидати со помал број на бодови, но во случајот не е постапено на овој начин.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-80/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право