- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 946.81 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 31, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-387/22
(...) „Не се воделе ни посебни обрасци за примени поплаки од граѓани. При ваква состојба, односно при несомнено констатирани пропусти на тужителот во извршувањето на неговите работни задачи на работното место, Овој суд оценува дека правилно утврдил и прифатил тужениот дека со ваквото однесување на тужителот на неговото работно место ги сторил повредите од горе наведените одредби од Колективниот договор на МВР и Законот за внатрешни работи и правилно со побиваното решение тужениот му изрекол на тужителот парична казна во износ од 15% од последната исплатена месечна нето плата на работникот во траење од 2 месеци, односно дека побиваното решение на тужениот за изречената парична казна е правилно и законито донесено.
Ова од причини што во член 187 од Законот за внатрешни работи пропишано е што претставува потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со Закон, Колективен договор, првилата и прописите на министерството и договорот за вработување, а особено ако работникот не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски и не се придржува кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место, а од доказите и утврдените факти несомнено произлегува и се утврдува дека тужителот ја сторил ваквата повреда, односно не се придржувал кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место предвидени во актот за систематизација за предметното работно место и Правилата за начинот на работа на безбедносниот реон, па неправилно прифатил првостепениот суд дека во конкретниот случај однесувањето на тужителот, односно неговите пропусти во работењето не претставувале потешко кршење на работниот ред и дисциплина, а ниту пак не исполнување на работните обврски утврдени со Закон, Колективниот договор и правилата и прописите на МВР. Исто така, имајќи го во предвид фактот дека дисциплинската потапка била прекината согласно Колективниот договор на тужениот, во конкретниот случај нема ниту застареност за водење на дисциплинската постапка, односно дека не е поминат, ниту субјективниот, а ниту пак објективниот рок за водење на постапката и за донесување на соодветна одлука во истата.”