- Version
- Преземи 12
- Големина на фајлот 538.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 7, 2017
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-545/17
„(...) Бидејќи од доказите со сигурност е утврдено дека на тужителот му е признат работен стаж од 31 година, првостепениот суд правилно одлучил кога го усвоил тужбеното барање затоа што тужителот ги исполнил условите за остварување право на јубилејна награда согласно со чл. 113 од ЗРО и чл. 192 од КД. Бидејќи во наведеното решение (...) со кое на тужителот му е признат работен стаж од 31 година е определено дека ќе се применува од 3.11.2013 година, а тужбата е поднесена на 8.7.2016 година, произлегува дека правото на тужителот да бара исплата на име јубилејна награда не е застарено, затоа што барањето е истакнато пред истекот на рокот од три години предвиден со чл. 115 од ЗРО. Фактот дали тужениот има обезбедено средства за исплата на јубилејна награда нема влијание на остварувањето на ова право, затоа што се работи за право предвидено со закон и колективен договор, чие остварување не е условено со обезбедени средства од работодавачот за таа намена.”