Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-703/17

  • Version
  • Преземи 13
  • Големина на фајлот 360.88 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 5, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-703/17

„Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека тужениот за ниту еден вработен не исплатил регрес за годишен одмор, бидејќи имал блокирана сметка и финансиски потешкотии во тековната 2016 година, а во моментот на поднесување на тужбата сè уште не бил поминат рокот за исплата на регрес за 2016 година, што значи во овој дел тужбеното барање е преурането.

Ова од причина што (...) тужениот со решение на тужителот му утврдил годишен одмор од 20 дена, кој тужителот го користел согласно со своите потреби, а одобруван со решение од страна на тужениот и истиот во тековната година го искористил во целост. Имено, тужителот работел кај тужениот од 1.12.2014 година заклучно со 5.7.2016 година, што значи цела 2015 година и шест месеци и 5 дена во 2016 година.

Согласно со Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, објавена во „Службен весник на РМ”, бр. 192/15 од 14.7.2015 година, одредбата од чл. 35, ст. 1, ал. 7 е изменета и истата гласи: „Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата под услови работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Со Колективен договор на ниво на дејност или Колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесување на одлуката за исплата.”

Имајќи ја предвид содржината на наведената одредба од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, кој го обврзува и тужениот како работодавач, произлегува дека исплата на регресот за годишниот одмор во висина од најмалку 40% од основицата не е условен со материјално-финансиските услови во работењето на работодавачот, поради што и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека на тужителот кој работел кај тужениот од 1.12.2014 година заклучно со 5.7.2016 година, што значи цела 2015 година и шест месеци и 5 дена во 2016 година работел кај тужениот, па од тие причини му следува и регресот за годишен одмор за 2016 година во износ од 8.898,00 денари.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-703/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право