Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-260/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 606.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 19, 2016
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-260/15

„Со предметното решение на тужителот му се става на товар дека на ден 12.09.2013 година во ПЗУ д-р К. вршел здравстевни услуги на пациенти, односно вршел дополнителна дејност спротивно на одредбите од Законот за здравствена заштита без да има склучено Договор за соработка со истата.

Во оваа насока е битно дали тужителот вршел или не дополнителна дејност спротивно на Законот за здравствена заштита.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат доставил известување бр. (...) од 26.09.2013 година до Стоматолошкиот клинички центар С. П. С. во кој е наведено дека на ден 12.09.2013 година при извршен инспекциски надзор во ПЗУ д-р К. лоцирана на ул. (...) била затекната д-р Г. К., вработена во ЈЗУ како врши здравствени услуги на пациенти. На оваа околност, тужителот во својата изјава дадена на записник од 21.11.2014 година навел дека во моментот на контролата бил во ПЗУ И. дентал и вршел фотографирање на пациент, и не пружал здравстевна услуга.

Во оваа насока, првостепениот суд правилно прифатил дека самото користење на картерот, ставање на ракавици и вршење фотографирање на пациент подразбира пружање на здравствена услуга. Видно од доказите изведени во текот на постапката и изјавата на тужителот, истиот немал склучено договори за давање дополнителни здравствени услуги ни со ПЗУ И. дентал ниту со ПЗУ д-р К.

Оттука, во услови кога тужителот не доставил докази ниту во текот на постапката докажал дека поседува решение за вршење на дополнителна дејност ниту пак вршењето на дополнителната дејност докажал дека било регулирано со договор, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно чл. 201, ст. 1, ал. 4, а в.в. со чл. 205, ст. 1, ал. 4 и чл. 222 од Законот за здравствена заштита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1389/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право