- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 505.51 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 18, 2012
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1379/12
„(...) Во случајот се работи за надомест на штета поради незаконит престанок на работниот однос. На тужителот му престанал работниот однос по вина на тужениот и со правосилна пресуда поништена е одлуката за престанок на работниот однос и задолжен е тужениот да го врати тужителот повторно на работа и тужениот го вратил тужителот повторно на работа, па и истиот има право на надомест на штета во вид на неисплатени плати и на неплатени придонеси за ПИО во Фондот за ПИОМ во износи утврдени врз основа на изготвеното вештачење изготвено врз основа на извршен увид во книговоствената документација на тужениот.
Оттука се јавува како неоснован жалбениот навод на тужениот дека на тужителот не му следува надомест на штета поради незаконит престанок на работен однос со оглед да тужениот тоа решение го донел поради кршење на работниот ред и дисциплина.
Жалбениот навод на тужениот дека затезната камата е неосновано пресметана бидејќи со поднесување на барањето за надомест на штета работодавецот од тој момент сознава за постоење на штетата и од тогаш за него настанува обврска на работникот да му ја надомести претрпената штета, е неоснован, бидејќи во конкретниот случај се работи за надомест на штета поради незаконит престанок на работен однос, па обврската за надомест на штета втасува по правосилноста на одлуката со која се поништува незаконитиот акт, односно со која се утврдува незаконитоста на дејствието на работодавецот и тоа од денот кога работникот поднел барање за исплата на надоместокот и од тој ден има право на камата, а тоа е со денот на поднесување на тужбата на 28.01.2010 година.”