- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 532.81 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 3, 2019
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.5/2019
„Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека правилно постапил второстепениот суд кога при одлучувањето ги применил одредбите од Законот за вработени во јавниот сектор, а не од Законот за работни односи, со оглед дека во член 1 и 2 од Законот за вработени во јавниот сектор кој започнал да се применува од 05.02.2015 година е јасно определено дека со истиот се уредуваат сите општи прашања за вработени во јавниот сектор, а во член 2 став 1 се наведени работодавачите во јавниот сектор, меѓу кои и институциите кои вршат дејност од областа на образованието, а во став 2 од истиот член е определено дека вработени во јавен сектор се лицата кои засновале работен однос кај некој од работодавачите од став 1.
Оттука, со оглед на утврденото дека тужителката за прв пат засновала работен однос кај тужениот со договор од 22.10.2015 година, односно во време кога веќе бил во примена Законот за вработени во јавниот сектор, по наоѓање на овој суд се применуваат одредбите од тој закон, односно член 22 од истиот, па со оглед на утврдениот решителен факт дека во случајов органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот, не дал таква согласност, правилно заклучил второстепениот суд дека во случајов не биле исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителката.
Од овие причини ревизиските наводи за тоа дека тужителката работела кај тужениот подолго од две години, на работно место кое било испразнето поради смрт на претходниот наставник и дека се исполнети условите за трансформација, предвидени во член 46 од Законот за работни односи, бидејќи се работи за старо финансирање, за кое не била потребна согласност од органот, се без влијание за поинакво одлучување. (...)”