Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев2.бр.383/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.07 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 4, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев2.бр.383/2018

„Врховниот суд на Република Северна Македонија смета дека за предметниот период тужениот, со самиот факт што не постапил по налогот за извршување е виновен и му причинил штета на тужителот, која се јавува како разлика од платата што ја остварил кај новиот работодавач и платата која би ја остварил кога би бил вратен кај тужениот врз основа на правосилната извршна пресуда.

Имено, овој суд се согласува со заклучокот на првостепениот суд, дека во конкретниот случај се исполнети потребните законски претпоставки кои се неопходни за да настане одговорност како обврска за надомест на штета на страна на тужениот, односно дека постои причинско-последична врска помеѓу штетното дејствие на тужениот и штетата која ја побарува тужителот, како и постои основ за одговорност на тужениот да ја надомести материјалната штета на тужителот. Пониските судови правилно утврдиле дека тужениот не постапувал по задолжението на судската пресуда и не го вратил тужителот на работа, поради што тужителот поднел барање за извршување до извршител, а тужениот не постапил по налогот за извршување на судската одлука причинувајќи штета на тужителот која што тужителот ја побарува во конкретниот случај. Притоа, првостепениот суд го имал во предвид фактот дека тужителот бил принуден да работи кај друг работодавач, поради тоа што тужениот не го вратил на работа согласно правосилната пресуда, а дека за првпат тужениот го повикал тужителот да се врати на работа на ден 07.07.2015 година и тоа во текот на извршната постапка, меѓутоа тужителот одбил да се врати на работа кај тужениот, бидејќи веќе бил вработен на друго работно место. Воедно, со оглед на тоа што тужителот во наведениот период остварувал приходи кои се помали од оние што би ги остварил да бил вратен на работното место кај тужениот на кое работел пред незаконитиот престанок на работниот однос, па откако од вештиот наод и мислење е утврдена висината на платата која што на тужителот согласно договорот за работа кој важел во време на престанокот на работниот однос му била исплаќана, истата ја намалил за платата која што тужителот ја добивал во периодот додека бил вработени кај друг работодавач.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-605/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право