- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 258.49 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 13, 2017
- Последна промена ноември 5, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.49/2017
„(...) според Врховниот суд на Република Македонија, второстепениот суд погрешно го применил материјалното право кога ја преиначил првостената пресуда и го одбил тужбеното барање на тужителката како неосновано. Оттука, основано се укажува во ревизијата на ревидентот, на кое стојалиште е и овој суд, дека тужителката ги исполнува законските услови за трансформација на работното место од определено на неопределено време сметано од 01.12.2013 година, од причина што истата имала завршено факултет, истата се стекнала со стручен назив - дипломиран економист, имала положено стручен испит на ден 27.12.2012 година, а кај тужениот работното место било слободно, истиот имал трајна потреба од работник, како и тужениот имал добиено согласност од Минстерството, имал обезбедено средства од старо финансирање, па штом имал предвидено средства за определено време, тогаш имал и за неопределено време, следствено на што има потреба од работник и работното место било предвидено во Правилникот за организација и систематизација на работи и работни задачи. Дотолку повеќе што работното место веднаш по истекот на договорот на тужителката на определено време, било пополнето со друг работник, од причина што имало потреба од наставник кој ќе им предава на учениците економски предмет.”